Macedonian choice

Publiko ne Republic of Macedonia (FYROM) - Hapat e Pare ne eRevollution - 02 Aug 2016 05:17 - 11

                             
http://i.imgur.com/PqDNEVg.jpg

                                                  ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА


П - Прашање
О - Одговор



П:
 Како можам да ја променам мојата лозинка и е-маил?
О: Можеш да ја промениш твојата лозинка кликајќи на „Заборавена лозинка“ (Forgot Pword) кога се најавуваш. За промена на е-маил треба да испратиш барање на е-маилот erevollutiongame@gmail.com и сопствениците и модераторите на играта да потврдат дека ти си вистинскиот сопственик на профилот.


П:
 Како можам да го променам јазикот во Македонски?
О: 1. Притиснете на вашето корисничко име до Аватарот http://prntscr.com/9txo3e
2. Притиснете на Settings http://prntscr.com/9txqvq
3. Кај My Language, притиснете на English http://prntscr.com/9txrvq
4. Сега изберете Macedonian http://prntscr.com/9txskp
5. Откако ќе изберете Macedonian, притиснете Edit (десно од Macedonian) http://prntscr.com/9txszd
6. Одете на почетната страна. Сега вашиот јазик е успешно променет во Македонски.


П: Дали може мојот профил да биде избришан?
О: Не, тоа е невозможно. Ама можеш да испратиш барање за да бидеш баниран засекогаш испраќајки маил на erevollutiongame@gmail.com.


 
П: Зошто не можам да ја отстранам (избришам) мојата фабрика за храна и фабрика за суровини за храна?
О: Тие фабрики ти се дадени од играта кога се зачлени и не е возможно да ги отстраниш (избришиш) или продадеш. Можеш само да ги надоградиш или дедоградиш (ако претходно си ги надоградил).



П: Можам ли да ги ставам моите фабрики за хеликоптери и тенкови на продажба?
О: Не, не можеш, ама можеш да ги дедоградиш и да земиш 50% од вложеното Злато назад.
 


П: Колку профили смеам да имам од една IP адреса?
О: Можеш да имаш најмногу 2 профили и тие треба да припаѓаат на два различни играчи. Донациите и активностите кои прават профит на пазарот помеѓу овие два профили се забранети. Тие не смеат да работат во фирмите меѓусебно.
 


П: Дали е легално да го продадам мојот профил/злато/предмети за вистински пари?
О: Не, не смееш да продадеш ништо од она што го имаш за размена во вистински пари и профил или пари од друга игра.
 


П: Добив донација (Злато или предмет) од некој играч кој не го познавам. Што треба да сторам?
О: Златото или предметите кои си ги добил мораат да се вратат на донаторот. Ако добиваш такви донации често, треба да ја информираш администрацијата на играта со испраќање Ѕcreenshot фотографија на е-маилот erevollutiongame@gmail.com
 
 

П: Кога се попустите на фабриките / градбите / теретаните ?
О: Никогаш не може да се каже точна дата на попустите. Тоа зависи од околностите и ажурирањата кои ќе ги слушнеш од администрацијата на играта.
 


П: Што значи Premium членство?
О: За секои 1000 Злато кои ќе ги набавиш од on-linе продавницата, добиваш една ѕвезда. Тие ѕвезди ти даваат 5% гратис Злато на секоја on-line набавка на Злато која ќе ја направиш потоа. Како на пример:
-Помеѓу 1 ѕвезда и 2 ѕвезди: За секое 100 Злато кое ќе го набавиш добиваш 5 Злато повеќе.
-Помеѓу 2 ѕвезди и 3 ѕвезди: За секое 100 Злато кое ќе го набавиш добиваш 10 Злато повеќе.
-Помеѓу 3 ѕвезди и 4 ѕвезди: За секое 100 Злато кое ќе го набавиш добиваш 15 Злато повеќе.
-Помеѓу 4 ѕвезди и 5 ѕвезди: За секое 100 Злато кое ќе го набавиш добиваш 20 Злато повеќе.
-За 5 ѕвезди: За секое 100 Злато кое ќе го набавиш добиваш 25 Злато повеќе.
Невозможно е да имаш повеќе од 5 ѕвезди.
 


П: Кои методи за плаќање / купување ги има?
О: Засега е возможно да се купува само со Paypal и Paysafecard.
 


П: Си имам работа со некој кој ме навредува. Што треба да правам?
О: Испрати screenshot фотографија од навредата на е-маил erevollutiongame@gmail.com Ако си навреден на ѕидот со објавите, подобро направи screenshot фотографија и испратини ја на е-маил што е можно побрзо.
 


П: Командирот на мојата воена единица не е активен долго време, а нема ни заменик. Има ли начин да се замени?
О: Испрати линк од воената единица на е-маил erevollutiongame@gmail.com и ние ќе го анализираме проблемот.
 


П: Јас имам ист број на гласови со мојот конкурент на изборите, ама тој победе. Зошто?
О: Ако твојот конкурент ги победил изборите, а двајцата сте имале ист број на гласови на изборите, тогаш оној кој водел со гласовите прв ја зема титулата.
 


П: Најдов баг / грешка / проблем (bug) во врска со играта. Што треба да направам?
О: Не треба да го користиш багот / проблемот / грешката ( bug ) која си ја пронашол во твоја предност туку да не информираш испраќајќи маил на erevolllutiongame@gmail.com со јасно објаснување. Ќе добиеш награда за тоа. Како и да е, искористувањето на багот ќе ти донесе казна. 
 


П: Бев измамен (при тргување испратив голд на продавачот, но тој не ми ги испраќа предметите). Што треба да правам?
О: Дај му малце време на играчот, можеби има некоја работа. Ако не можеш да добиеш одговор или предмет/злато за време на трговска размена, испрати Ѕcreenshot фотографија на erevollutiongame@gmail.com и ние ќе го анализираме проблемот.
 


П: Ме банираа, а мислам дека не прекршив ниту едно правило. Која е процедурата која треба да ја следам?
О: Ако веруваш дека не направи ништо нелегално, испратини маил на erevollutiongame@gmail.com со доказ и ние ќе го анализираме проблемот.
 


П: Дали е возможно модераторите да реагираат импулсивно и да ги казнат играчите?
О: Не, во случај на прешување на правилата, модераторите ги анализираат сите докази внимателно и конечната одлука е на администраторите.
 


П: Добив предупредување од модератор/админ, што значи тоа?
О: Можно е да ти се даде предупредување ако си прекршил некој од правилата, ако го повторуваш тоа ќе бидеш казнет.
 


П: Се сомневам дека некој играч прекршил некое правило, како да го пријавам тоа?
О: Испрати е-маил на erevollutiongame@gmail.com во кој ќе го има линкот од профилот на сомнителниот играч со докази. Ние ќе го анализираме случајот.
 


П: Како да го добијам eRevollution Ambador медалот?
О: Еднаш кога 25 играчи се регистрирале на играта со твојот реферал линк и достигнале ниво на искуство (левел) 20, коешто исто така значи и 25 медали за градител на опшество испрати ни маил на erevollutiongame@gmail.com и ќе го добиеш медалот.



П: Имам енергија за да надокнадам, но немам храна. Каде да набавам?
О: Доколку си почетник и имаш помалце од 500 сила, можеш да го пополниш формуларот за почетници со што ќе добиваш храна и по некое оружје секој ден. (ова важи само за Македонци) За да го пополниш формуларот кликни тука.
 


П: Како можам да влезам на IRC канал?
О: Нашиот IRC канал е: #erev_mkd на Rizon. За директно да влезеш на каналот користи го линкот подолу:
Македонски IRC канал
Исто така имаме и свој канал на Discord, користи го линкот подолу за да влезеш на него:
Македонски Discord канал
На овие канали во секое време има македонски играчи кои можеш да ги прашаш за се што не ти е јасно.
                        

                                                        
http://i.imgur.com/PqDNEVg.jpg

Financo

ATEHTATOPOTResident Evil

Komentimet (11)

o/
https://www.erevollution.com/mk/article/12389 - [МзО] Често поставувани прашања
Најбитното прашање не сте го ставиле Кој е линкот од каналот за поделба Cheeky
v
V
Браво kikobe o/ !
o7
O7
o7
o7 Alal da ti e za statijava