Публикувана в Republic of Macedonia (FYROM) - Политически дебати и анализи - 23 Jun 2016 07:04 - 2
ВЕЧНА ИМ СЛАВА ПОЧИВАЈТЕ ВО МИРНа денешен ден пред точно 13 години (23.06.2001), во акцијата за завземање на Арачиново загинуваат тројца Бранители кај гробиштата во Брњарци, бранејќи ја Татковината. Пет дена подоцна подлегнува припадник на ЕСЗ Тигар на повредите кој ги здобил на 23.06.2001. Битката за ова скопско село почна на денешен ден, а заврши неславно три дена подоцна. Загинатите Бранители се:
– АТАНАС ЈАНЕВ (†25) од Струмица. Атанас увек си ја сакаше земјата, и голема чест му беше да ја одбрани татковината. При секое минување на градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Гоце Делчев војводата, не претпоставувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Оставајќи ја бремената жена, отиде да ја брани Македонија, неговата фамилија а и неговиот нероден син, кој денес го носи неговото име. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново.
– НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ (†25) од Берово. Со посебно чуство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола. Тој веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата, велејќи самиот дека „Неможе едни да се борат а други да уживаат. Одам да ја одбранам Македонија“. Не ја дочека својата ќерка, посмртче, кое име го носи негово, Николија. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново.
– АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ (†30) од Аеродром, Скопје. На работното место во полициска станица во Аеродром неговиот збор, совет и искуство со респект се слушаа, уважуваа и почитуваа. Со личен пример покажуваше како се извршува поставената задача. Кога беше тешко и неизвесно, беше во Арачиново. Света должност му беше да ја одбрани својата земја, да му гарантира безбедна иднина на неговиот едногодишен син Мартин. Загинува исто како неговите колеги јуначки во нерамна битка во село Арачиново.

Спонсорирай
Portuguese soldierКоментари (2)
slava im