Публикувана в Republic of Macedonia (FYROM) - Политически дебати и анализи - 21 May 2016 13:45 - 2
140 ГОДИНИ ОД РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕНа 20 мај 1876 година, во селото Разловци, Делчевско, е дигнато првото организирано македонско востание против турската тиранија во Македонија.Во втората половина на 19 век, положбата на Македонците во Османлиската империја станува неподнослива. Турција потпаднала под влијание на западноевропските држави, што придонело да биде принудена на одредени стопански промени, во насока на капитализирање на својот феудален економски систем. Во 1870 година се зголемиле давачките за сите документи, во 1872 се удвоил данокот на виното, во 1873 се вовел новиот данок, теметју, што го плаќале трговците, занаетчиите и надничарите. Во 1873 се вовел монопол на тутунот и солта, а истовремено се покачила и нивната цена. Економскиот притисок најмногу се одразил врз животот на поробеното христијанско население на Балканот. Со зголемувањето на даноците, се зголемувал и зулумот кој турските власти го вршеле врз христијаните.Во такви услови почнува и револуционерното организирање на Македонците, за борба против турската тиранија.Главни организатори и водачи на Разловечкото востанието од 1876 година се Димитар Поп Георгиев Беровски и Поп Стојан од селото Разловци.Востанието се подготвувало и во Солун и во Разловци.После една акција во Струмица против грчкиот митрополит Јеротеј Комбајнос, Димитар Беровски се засолнува во Солун, каде што се повлекува во илегала. Во Солун Беровски го организира Солунскиот револуционерен кружок во кој, покрај него, влегле и неговите браќа Костандија, Иван и Алекса, како и Стојан Цоцков, браќата Еврови и мајката и ќерката Недела и Станислава Караиванови, учителки од Солун.Солунскиот кружок бил задолжен за планирање на текот на востанието и за набавка на оружје, а баба Недела и ќерка и Станислава Караиванови го извезле знамето на востанието, кое било на црвена подлога со жолт лав, и на него пишувало - “ Македонија - станете да ве ослободам“Во исто време со Солунскиот кружок, започнале подговотвките и во селото Разловци кое било предвидено да биде центар на востанието.Во Разловци главни организатори на востанието биле Поп Стојан Разловски со синовите и Костадин Иљов Карчовски. Поп Стојан бил задолжен да го продаде целиот имот на Беровски и парите да му ги прати во Солун, за набавка на оружје за востанието.Големината и револуцинерниот дух на Димитар Беровски се гледа и во тоа што се откажал од целиот свој имот, и се ставил и духовно и материјално во служба на борбата за својата родина - Македонија.Во април 1876, во месноста Калаџерџево на планината Голак, илегално од Солун пристигнале Димитар Беровски и Костадин Карчовски, со уште неколку востаници, и го донеле оружјето за востанието. На почетокот на мај 1876, во Калаџерџево било одржано советување за дигање на востанието. На советувањето присуствувале: Димитар Поп Георгиев Беровски, брат му Костадин Поп Георгиев, Костадин Карчовски, Христо Стојанов, Ѓорги Цоцов, Поп Стојан Разловски, син му Костадин Попстојанов, Мите Јуруков, Ѓорѓи Оков и уште дваесетина души од Пијанецот и Малешевијата. На советувањето биле донесени следните одлуки:1. Кога се ќе биде спремно, востанието да биде објавено во селото Разловци.2. Главен водач на востанието да биде Димитар Поп Георгиев 3. Да се нападне прво Царево Село (денешно Делчево кое било административен центар на областа Пијанец), да се исчисти од турската војска, и целото запленето оружје да им се даде на нови востаници од Пијанечко кои немаат оружје.4. Потоа востанието да се прошири во Малешевијата, да се соберат Беровци, Владимирци (жителите на Владимирово, Беровско) и да удрат по турската војска во Малешевијата, а потоа запленетото оружје да се раздаде на други борци кои немаат оружје, и така да се прошири востанието. Во Малешевско требало да се изврши регрутирање на нови сили за пополнување на востаничкиот кадар, и со засилени сили да се нападне Пехчево (кое тогаш било административен центар на Малешевијата), и да се исчистат и од таму Турците, со оглед на тоа дека 700 куќи во Пехчево биле турски, а само 100 македонски.5. Пред да се објави востанието, Димитар Беровски со една мала чета да ги обиколи околиите Пијанец, Малешевско, Радовишко, Струмичко, Петричко и Мелничко и да им каже на луѓето штом чујат за востанието да го грабнат оружјето и да станат (востанат), а жените, старците, децата и стоката да ги префрлат во планина. На 19 мај 1876 г. било одржано уште едно советување, на кое учествувале околу 30 вооружени востаници. Во текот на состанокот пристигнала вест дека во селото Разловци пристигнале турски даночни чиновници засилени со турска војска. Востаниците брзо реагирале и одлучиле востанието веднаш да почне. Преку ноќта се собрале уште 30 вооружени борци.Во Разловци во тоа време живееле и Турци, меѓу кои најпознат бил спахијата Алиман, кој заедно со неговата десна рака Јусреф биле познати по насилството над Македонците.Под водство на Беровски бил направен план за напад на селото и ликвидација на Турците. Една група востаници се распоредила во анот на Поп Стојан, кој се наоѓал наспроти куќата на коџобашијата во селото. Втора група востаници се распоредила во една плевна која била до куќата во која спиеле турските арачлии, заптии и војници. Трета група востаници се распоредила на двата главни пата кои воделе во селото, а четвртата направила заседа кај мостот на реката Брегалница. На 20 мај 1876 г. рано наутро започнало Разловечкото востание, првото организирано востание против турската тиранија во Македонија.Околу 60 македонски востаници започнале престрелка со Турците кои биле изненадени, и почнале панично да бегаат. Поголем дел од Турците биле убиени, неколку биле ранети а само двајца Турци успеале да се спасат, пливајќи низ надојдената Брегалница. Главниот турски спахија Алиман бил запален во куќата во која се криел, а на неговиот заменик Јусреф му била отсечена главата.Разловци било ослободено. Веднаш по успехот на востаниците, селаните ги собрале и ги изгореле сите турските даночни книги, тефтери и документи. По наредба на Поп Стојан, син му Костадин го запалил сопствениот ан за да им даде пример на селаните дека го жртвува имотот за слободата која е поскапа од сè. Откако се пресметале со тамошните Турци, еден дел од востаниците под водство на Цоне Спасов требало да ги евакуира жителите на Разловци и нивната стока, а потоа да се приклучи кон главните востанички сили. Другиот дел од востаниците, предводени од Беровски и Поп Стојан, наместо кон Пијанецот заминале кон Малешевијата, затоа што таму ги чекале подготвени и вооружени 300 востаници.Беровски и Поп Стојан на коњи со развиорено знаме тргнале кон малешевското село Митрашинци, а потоа кон Берово за да се соединат со подготвените востаници.Во Митрашинци во една од куќите во селото биле дојдени двајца Турци од Пехчево. На повикот на востаниците да се предадат, Турците одбиле, а потоа започнала престрелка и Турците биле убиени.Во тој момент додека се пукало, во близина на селото минувала една група турски заптии (турски стражари), предводена од Исмаил буљукбашијата. Откако ја слушнале престрелката, заптиите се упатиле кон селото.Во Митрашинци настанува борба која траела околу 5 часа. Од Турците биле убиени 7 души, а кај востаниците имало 4 ранети, меѓу кои бил и војводата Беровски, кој бил ранет во главата.По ранувањето на војводата, четата решила да се врати во Разловци, и не успеала да се спои со оние 300 востаници кои останале да чекаат да се спојат со востаниците од Пијанечко.Во тоа време по вестите за востанието во Разловци, од околните села се собрал голем број нередовна турска војска - башибозук, и тргнале кон Разловци. Кога стигнале во селото убиле 10 мажи и две жени, кои биле затекнати во своите домови. Неколку куќи и плевни биле запалени. Настанала и борба со востаниците кои останале да го бранат селото, при која биле убиени тројца од турските башибозуци. Ранувањето на војводата лошо влијаело на востаниците. Кога стигнале над селото, на падините на Голак, таму затекнале голем број од жените,децата и старците од Разловци кои го напуштиле селото. За да бидат работите полоши, тие денови било доста студено, и постојано врнело дожд и провејувал и снег на планината.Турците решиле да превземат брзи мерки за да го задушат востанието. Бидејќи кон реонот на Разловци започнале да се движат големи турски воени сили, како редовна, така и нередовна турска војска - башибозук. Беровски одлучил со четата да се префрли преку планината Голак во Кочанско.Беровски и четата наскоро стигнале во кочанското село Лаки, каде подготовена ги чекала четата на војводата Цоне Данчов со 40 востаници. Селаните од Лаки претходно биле известени и подговотвени за востание и ги имале и евакуирано нивните семејства од селото.Соединувањето на двете чети било проследено со голема радост и воодушевување.Набргу стигнала вест дека во селото Лаки стигнале околу 60 души турски башибозук, и почнале да пљачкаат и да ги палат куќите.Двете чети веднаш тргнале кон Лаки, и со заеднички сили Турците биле разбиени и се разбегале. После тоа Цоне Данчов со локалната чета останал да го чува селото, а Беровски со својата чета се упатил кон радовишкото село Смиљанци, каде имало подготвен склад со оружје за востаниците.Востаниците се снабдиле со храна и оружје, но дошло до предавство од месниот турски пољак во Радовиш. Турскиот аскер брзо реагирал и го пресекол движењето на востаниците. Четата не успеала да се префрли преку планината Плачковица во Берово, каде 4 дена околу 300 востаници под оружје го чекале Беровски да ги поведе во борба.Турскиот аскер продолжил да ја прогонува четата на Беровски, која го продолжила движењето кон Беласица, Огражден, а потоа и во Петричко и Мелничко. Во постојаните битки кои четата на Беровски ги водела со Турците, загинале доста востаници, и од 40 души колку што броела на почетокот, во четата останале околу 18 четници, кои не се распуштиле, туку подоцна во зимото 1876 се вклучуваат на страната на Руската војска, во Руско-Турската војна која се водела на Балканот.
РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ ОД 1876 ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПИШАНО СО ГОЛЕМИ БУКВИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, КАКО ПРВО ОРГАНИЗИРАНО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРОТИВ ТУРСКАТА ТИРАНИЈА.
ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!!!
РАЗЛОВЕЧКОТО ВОСТАНИЕ ОД 1876 ЌЕ ОСТАНЕ ЗАПИШАНО СО ГОЛЕМИ БУКВИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, КАКО ПРВО ОРГАНИЗИРАНО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРОТИВ ТУРСКАТА ТИРАНИЈА.
ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!!!
Спонсорирай
KikobetemelkoPortuguese soldier