Published in Republic of Macedonia (FYROM) - Political debates and analysis - 02 Jul 2016 16:26 - 15
Иако на собиранката нагласив дека ќе се кандидирам за претседател на Македонија, и ќе му бидам противник на Ресидент на престојните избори, за жал, поради РЛ обврски овој месец ќе го немам потребното време за извршување на таа должност.
Оттука, долго време размислував за тоа кого би можеле ние како партија да го кандидираме за претседател. Најпрво, размислував тоа да биде некој од оние најгласните поборници против власта. Но, бидејќи и самите неколку пати одбивааа да се кандидираат, се откажав од таа идеа. По долго размислување и консултации со претседателот на партијата, ASAP, одлучивме тоа да биде MysteriousMind.
Значи, најпрво како најбитна работа, има доста слободно време, кое може да го посвети на иднината на Македонија. Како втора работа, е чесен и добар играч, кој иако подолгиот период од играта го помина во друга земја, секојдневно помагаше и удираше во битките за Македонија.
Како прв приоритет ќе ни биде помагањето на послабите и нови играчи. Имено, ќе тежнееме кон тоа, сите оние кои немаат к3 или к4 тренинзи, со донации од посилните и финансиски подобро снабдените играчи да успеат да ги надградат. Со тоа ќе се придонесе кон забрзан раст на новите играчи и нивно поголемо влијание во битките кои ќе ги има Македонија и сојузниците. Исто така, покрај овој вид на помош, послабите играчи ќе добиваат секојдневна помош во храна, оружје и слично. Секако, и државата тука ќе помага во рамките на своите можности.
Втор приоритет ќе ни биде одржување на добри односи со сојузниците. Тука е вклучено помагање на сојузниците секогаш кога ќе побараат помош и секако кога ќе бидеме во можност да им помогнеме, со услов да немаме наша битка, која ќе ни биде приоритет. Оттука, би одржувале и благи пријателски односи и со некои од "непријателите" во играта, секако само ако и ние имаме корист од таа ситуација, но не по цел да се извиси некој од нашите сегашни сојузници. За НАП-от со Грците нахнадно ќе се размислува за негово продолжување, се зависно од тоа каква ќе биде ситуацијата во тој момент. Војна овој месец неможам да ви ветам, но ако се создадат можности за тоа, секако дека нема да размислуваме.
И како трет приоритет ќе го имаме продолжување на трендот на одржување на удари секогаш кога ќе бидат потребни, без разлика дали ќе бидат организирани за помош на сојузници или наша битка.
За сега како тим во владата на MysteriousMind, сме само јас и ASAP, така да го повикувам секој оној кој мисли дека може да помогне и би бил од корист во било кој сектор од водењето на државата, да се пријави кај мене. Еве ви шанса на сите што бевте незадоволни од водењето на државата, сами да се докажете.
Со почит, Makedoner.
Support
DostiDostiDostiASAPComments (15)
https://www.erevollution.com/en/article/10882
o7
Ne deka sum protiv vas ama.. Shangarian ubavo kaza istite raboti sekoj mesec ovaa kandidatura ne se razlikuva nisto povekje od na evil. Samo sto e podobro napisana.. So srekja o/
Sharko sea i ova e ista statija ko sekoj mesec taka?
Подобро и поинтересно е вака со повеќе кандидати
MysteriousMind za predcedatel o/
go podrzuvam Mysterious ama statijava ne mi se svigja nema nisto novo vo nea,kolku da se napise samo
o/ Добар начин да се сменат работите за тие на кои што не им се свиѓа моменталната состојба, не само со тролање и расправање по чет...
kako ke se smenat so isti idei ziti se
Bate aj odi kupi nekoj tost
Ako imash nekoja podobra ideja ili idei kandidiraj se i vidi shto ke napravish ne tuku palamudi po chetovi i po komentari.
Шаринган со моменталната ситуација во играва незнам што друго сакаш да се напише.... Сакаш да ти речам ја напаѓаме Грција, кога во моментов теренот не е подготвен? Дај размислете малце не пишувајте само
ima mnogu raboti koishto mozat da se smenat za podobruvanje na vnatresnata situacija na MK
Како што пишав во статијата, секој што мисли дека може да биде дел од тимот нека се пријави, дојди презентирај ги идеите...