Balkan News

Publicado en Republic of Macedonia (FYROM) - Debates y Analisis politico - 04 Oct 2016 04:54 - 22

Поздрав Македонци,

По неколку одложувања претходните 2-3 месеци, еве ме и мене конечно како кандидат за ЦП. Како што повеќето од вас верувам знаете уште додека бев член на другата политичка партија се договаравме да се кандидирам за ЦП, но тоа досега не се оствари, што заради обврски, што заради тоа што не успеавме да постигнеме договор и да пронајдеме заеднички јазик со тамошниот претседател.

Затоа јас се решив на чекор понапред и заедно со уште неколку играчи основавме своја партија, која го носи името ДПНМ. Името ни од далеку не треба да претставува синоним со една друга партија од РЛ, туку едноставно поради таквиот сплет на околности, се дојде до таа кратенка. Иначе, целосното име на партијата е 
Демократска партија на Македонија. 
Како што и самото име на партијата кажува, станува збор за партија каде демократијата е пред се и над се. Концептот е работен на основа на тоа секој во нејзе да може да си го каже своето мислење за било која сфера од работата, да добие право на еднаквост со сите други, без разлика кој каква функција има.
Тоа беше некакво интро и кратко претставување на партијата од каде потекнувам. За секој што сака и мисли дека може да допринесе во партијата во било која област, слободно нека ни се придружи.

Претседателска кандидатура


Пред да започнам со презентирањето на замислата за еМакедонија во наредниот период, би сакал да им посакам успех на сите кандидати за ЦП овој месец, и да побарам од сите нив фер и демократски избори.

Измени во системот за помош на нови играчи

Да не се сватиме погрешно, поделбата на удар, начинот на координација се на завидно ниво, но јас би сакал да додадам уште неколку работи, за кои сметам дека би биле од исклучителна важност за еМакедонија на подолг рок.

Како прва измена или додаток би го спомнал помагањето на новите играчи, но со голд за што порано да изградат теретани (барем до к3). Секако ова би важело за веќе докажани играчи (дека не се нечиво мулти). Ова на краток рок можеби изгледа како скапа инвестиција, но на подолго рок и тоа како би имало големо значење за посилна Македонија во иднина. Со оглед и на значително помалиот број на играчи за разлика од најсилните држави на играта, млади играчи кои брзо се развиваат и тоа како би била голема предност.

Како втора работа би го додал начинот, односно посебен начин на поделба за новите и послаби играчи. Имено, со новите попусти се планира изградба на нови хели фабрики со послаб квалитет, кои би биле наменети за поделба на новите играчи. Мој предлог би бил тие хелиња да се продаваат и со голдот, да се купува хелиња к5, со кои новите играчи побрзо би се развивале и би можеле повеќе да влијаат во битките, како за Македонија, така и за сојузниците. Принципот би бил едноставен, посебна поделба за послабите играчи, се разбира во количина која би можела да биде разумна и издржлива во рамките на можностите.

Надворешна политика

Кога станува збор за надворешната политика, тука не би се задржувал многу и би кажал неколку работи во кратки црти.

Сакам најпрво да искажам подршка на владата во заминување, за потегот со кој скоро и да станавме дел од МДП. Неблагодарни сојузници и земји што не не почитуваат како народ, пред се, не ни се потребни. Толку дмг и истрошена енергија за тоа дали Србија ќе победи или не, за на крај да не вреѓаат и понижуваат на чат, како тоа не сме им помагале, сме биле фиромци, вардарци и слично. Испаднаа поголеми непријатели од многу држави други кои никогаш не сум мислел дека ќе бидат толку фер, што народот, што владата. Секоја чест за Грците, кои и покрај историските и моменталните спорови во РЛ, дури и во еден случај нивниот доста силен играч, удри за нас, што е за голем респект о/.
Ќе ги одржувам односите со моменталните сојузници на што повисоко ниво, многу од ударите би биле за помош на нив, што секако, кога би имале важна битка би очекувал истото да се врати назад.


Владеење на демократија и еднаквост за сите

Недостатокот на демократија беше и можеби најголемата причина поради која основав своја партија. Без разлика кои се членовите на партијата која ја водам, сите знаат дека секоја нивна идеа, план, или дури и желба да напредуваат ќе бидат мирно сослушани, а потоа и ако е потребно ќе гласаме за сите за што и да е потребно, за да се донесе некаква одлука. Таков принцип на владеење сакам да донесам и во владата на Македонија. Баш деновиве ги разгледував владите во другите држави, и не ми се веруваше кога видов дека сме единствени или можеби помеѓу малкуте држави во светот, каде една партија ја претставува власта, почнувајќи од претседателот па се до неговите помошници. Мојата замисла за единство, која беше претставувана уште од почетокот на играта од страна на поединци, беше единство без разлика на партија, воедна единица и слично. Ни во играва до сеа не успеавме да го постигнеме она што во РЛ нема никогаш да успееме, а тоа е единството, без разлика на припадност, како политичка, така и воена во случајот. 
На крај краева, сите имаме иста цел, тоа е Македонија и нејзиниот просперитет.


Тоа беа некои работи кои мислев дека се вредни да ги напоменам во кандидатурата. Секако со тек на мандатот би имало уште некои работи што би сакал да ги имплементирам, но затоа, потоа.

Како дел од тимот во владата за овој месец, засега се:

Премиер - АСАП
МОФА - Шаги
Гувернер - Марула

За сите останати позиции, конкурсот е отворен и секој што мисли дека е кадарен за било која позиција нека ме контактира.


Како за крај би сакал уште еднаш да им посакам среќа на сите кандидати на престојните избори, со надеж за фер и пред се демократски избори утре. 



Да живее еМакедонија и нејзините граѓани.





Кандидат за претседател на еМакедонија, Македонер

Endosar

Andon KyosetoASAPMicoOMare nokti evtino vtor profilCEHATOPOT

Comentarios (22)

So srekja
o7
Suprot
srekjno
so sreka veruvam deka ke si mnogu podobar od segasniov
Кажи ајде кеш колицо што беше катастрофално во мандатов
o/
Подршка о7
o7
Ima Marula ima vote Nema rakija nema glas Cheeky PRC
Abe goce so zbori ovoj udarite bile besprekorni.. neli opozicijata heli ke prodavase so ne prodavas sea mozok tuka
o7
o7
1. Со 100 q1 хели произведени од 5 q1 хели компании и со 110 q2 хели произведени од други 5 q2 хели компании ќе ги продаваш и ке даваш помош на бебињата? Со продажна цена од 2.7 за q1 и 3.7 за q2 добиваш 100 q5 хели.Десет бебиња најмалце бебиња да ти се пријават треба да им пратиш по 10 хели. Да земеме пример бебе од 831 стр прави 100к дмг со 10 q5 хели, а со 10 q1 и со 11 q2 прави 120к дмг. Малце математика треба пред да напишеш нешто. 2. Помош за теретаните веќе има на попусти. На попусти со тој попуст може да се помогне да дупло повеќе играчи одколку кога нема попуст. Плус секоја недела одат голдот и ццто од трезор за плата. Од кај ќе го вадиш ти голдот за да им помагаш на играчите?
3. Да те цитирам “Без разлика кои се членовите на партијата која ја водам, сите знаат дека секоја нивна идеа, план, или дури и желба да напредуваат ќе бидат мирно сослушани, а потоа и ако е потребно ќе гласаме за сите за што и да е потребно, за да се донесе некаква одлука. Таков принцип на владеење сакам да донесам и во владата на Македонија” Тоа веќе го има. Во владата сме 10 души и сите кажуваме мислења и заедно одлучуваме што да се прави. Му беше понудено и на Кикобе место во владата, иако од друга партија но тој одби поради немање време.
StefanKole drugar ne ti se jasni nekoi raboti tebe
4. Збориш за немање на демократија.... Вчера кога понуди да пуштиме кандидат заеднички значи може да се соработува со диктаторите, а кога ти одбивме одеднаш пак нема демократија? Си направивте нова МУ каде што го го сечете дмгот од Националната МУ и ќе збориш за обединување? Кога потпишавме НАП да не се пука против Индонезија вие удривте 70 милиони против нив сите од ваша единица беа. Два дена бан беше претходнава недела каде страдаа и државните фирми поради тоа. Утре ден ќе те банираат кога напад ќе треба да пуштиш. И чекањето до последен момент за дали АТЕ ќе иде на избори, за да не ти пропадне кандидатурата не ти се исплатеше. Ресидент го заменува АТЕ до 14ти. 5. Со среќа. Мораше вака да ги сецкам коментарите зашто има Баг и не може целосно да се постира текстот.
za da zboruvas za drugite prvo ti kazi kaj gi potrosi parite i zosto nekoj mora da e vraboten vo drzavnite za da dobiva subvencii od drzavata koga parite se vadat od trezor i se na site. zosto site igraci koj e potvrdeno deka ne se multi ne im se napravi usluga da im se ispecatat pari ima uste mnogu ama da ne dosagam vo statijata
@StefanKole 1. Нема баг туку ограничување на зборови 2. Македонер беше бан само 24 часа и тоа поради објаување на скриншот на Баташа, тотално неправедно! Но ако збориш за банирање тогаш и ти си бил темп баниран, а Ате беше и перма. (Неправедно, но исто така и Македонер )3. Таа национална МУ ја корстите како сопствена и бркате членови, затоа е формирана нова. 4. Во владата сите кажувате свои мислења но не примате нови луѓе во владата т.е. владее само една партија има еден начин на размислување, луѓе со различно мислење се бркаат од МУ и од партија и конгрес! (јас бев одкандидиран за конгрес поради различно мислење ) Извини али тоа не е демократија требало во школо да те научат што е што.
@StefanKole 1. Не го знам планот за тоа колку фабрики за к1 и к2 хели се планира да се изградат сеа со попустот, тоа го кажав како пример. Секако идеата е таа. 2. Помагање на играчи за изградба на теретани, но не само пред попуст. Голд ќе се дава секако колку има, нема да измислуваме топла вода. 3. Да во владата сте 10 души и сте тие, толку. Секој што е непослушник и што не се одава на вашите наредби, следи бркање од МУ, од партија и слично. Имам скриншот од директна закана од вашиот вечен лидер, за сите што нема да го послушаат ќе има санкции.... Тоа не е ДЕМОКРАТИЈА!
4. Понудив да одбереме заеднички кандидат, затоа што како што веќе кажав, тоа е пракса во многу држави, различни партиии да пуштаат заеднички кандидат и членовите на владата да бидат од повеќе партиии, не само од една. Впрочем и затоа е дозволено и други да создадат партија, иначе би било едно партиски систем, и би личело на Северна Кореја. 5. Нова МУ и партија направивме затоа што сме незадоволни од водењето на истите. Повеќето играчи не се замараат и не согледуваат како се работи во еМакедонија. Се нуди единство, а се случува сосем нешто друго. За било кој дел од овие точки можеме и додатно да разговараме, дебатираме и слично, кога сакаш и каде сакаш. Сакаш јавно, сакаш приватно.
Бев бан затоа што несакам неправди, било на мене нанесени или на некој околу мене. Тоа си го направил во животот? Си се зазел за некој? Иначе еден ден останаа државните неизработени, не се два. Секако знаеш дека бев баниран ради тоа што се МОД-овите срби и не им чинеше тоа што видоа, ама битно е да се каже нешто, другите да видат ко демек нестабилен, несериозен и слично. Голем респект за тебе, ама вакви раб несакам и не толерирам, да се оцрнува моето име за сметка на избори Smile