Balkan News

Publicado en Republic of Macedonia (FYROM) - Análisis de Guerra - 04 Feb 2016 16:46 - 0

Статијава ја пишувам разочаран од последните случувања во Македонија на воен план.
Премногу си ја земавме здраво за готово играва.
Значи штом веќе си се логирал, активирај се, продолжи, бори се за Македонија, тргни ги сопствените интереси за момент. Парите никад не се доста нема ни да бидат. Ако денес испукаш за Македонија и ја потрошиш храната, нема да пропаднеш, секад постои следен ден, ќе надохнадиш, ќе го вратиш загубеното.

Почнете да размислувате на тоа дека ако Македонија добие битка, добиваме сите. Ми се смачи на сите игри веќе да сме вечно поробени и угнетувани од сите. Зашто? Затоа што го имаме тоа нашиот Македонски синдром, што ме интересира за државата, мене да ме биде државата кој ја врти. Епа државата ако пропадне пропаѓаме сите, нема територија, нема ресурс, нема пари и сите ај да се иселиме. Состојбата во РЛ ни е таква па ај и тука, покуси да не сме и ние....

Денес со Велацо побаравме минимални донации од0.5 голд, скоро никој не се јави. А голдот беше за востание, пак за нас. Се јавија 3-4 што донираа за сите заедно....

Затоа освестете се додека не е доцна, и почнете да размислувате малце пошироко. Никој не е посилен од нас, никој не е попаметен. Судбината сами си ја кроиме.

Makedoner

Endosar

Comentarios (0)