Macedonian choice

Објављено у Republic of Macedonia (FYROM) - Ратне анализе - 02 May 2016 13:45 - 12

Како што сите знаеме на почетокот наиграта Албанија ни изгледаше како најлесна мета при што ја нападнавме и успеавме да и земеме еден регион, но подоцна изби војна и со Грција при што цела Македонија беше окупирана од Грција подолго време.. Долго време се мачевме да се ослободиме од Грците, првите востанија ни беа неуспешни потоа почнавме едвај да ослободуваме регион, но веднаш го губевме. Цело време баравме НАП (договор за ненапаѓање) со грците, но под услов враќање на оригиналните територии.. И грците сакаа да постигнат некаков договор за да ги спречат нашите востанија и пукања против нив, бидејќи ние им одвлекувавме многу штета и им бевме пречка во другите нивни битки и освојувања. Преговорите се водеа долго време, но најпосле Грција немаше друг избор мораше да го прифати договорот. Договорот (НАП) беше во времетраење од 1 месец до следните избори за претседател. Исто така еден од условите беше да не се става Дневна Наредба (Daily Order) против Грција или пак да напаѓаме некоја држава во директна битка на тогашниот сојуз EAGLE.

Кога се зближа крајот на договорот Србија ја нападна Грција. Веднаш откако заврше договорот Македонија пушти напад над Грција во Егејска Македонија и Тесалија. Според новиот договор за уништување на Грција, Македонија зема два региони, Бугарија исто така два, а останатите ги зема Србија. Регионот во Албанија Southeastern Albania исто така требаше да ни го дадат Србите, но засега не се случи тоа.

Наредниот период беше неизвесен, веќе имавме некои востанија во Грција кои сами ги кренавме, некои однапред договорени, а некои сами си ги кренаа (од наша страна) без да се консултираат. Последното востание на Грците во Егејска Македонија (Macedonia) зажал им беше успешно. Цело време водевме со 40 милиони штета, а на крај неколку минути пред крајот на битката Грците заедно со Турците и Французите пукаа против нас. Истото го направивме и ние договорени на каналот, но нашата штета не беше доволна бидејќи немавме голема помош од сојузниците, единствено од Србија 7 милиони штета и Бугарија 2 милиони. Но, АКО ЈА ИЗГУБИВМЕ ТАА БИТКА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЈА ИЗГУБИВМЕ И ВОЈНАТА бидејќи самостојно Македонија имаше повеќе штета направено од Грција. Потоа веднаш од наша страна беше планирано да се изврши напад на Грција во Macedonia, но откако во битките на нашите сојузници и непријатели беше забележително дека Грција не пука за своите сојузници, јасно беше дека чека полна со оружје спремна да испука се што има против нас. Поради тоа нападот беше откажан за другиот ден. Грците исто така беа сигурни во овој напад од наша страна, па поради тоа кренаја востание во регионот Aegean Island (под окупација наБугарите), сакајќи да не уверат дека ќе пукаат во востанието и дека ние полесно ќе можеме да им го земеме регионот, но до тоа не се случи. Не подпаднавме на нивниот план. Другиот ден во точно 18 часот го пуштивме нападот. Битката заврши со победа од наша страна со 80м повеќе штета направена од нив.

http://i.imgur.com/Xd2kGUl.png 

http://i.imgur.com/6SewvZw.png

Веднаш после битката Грција кренавостание во регионот Central Greece кој беше под српска окупација и успеа да се ослободи. Откако се oслободи ние го нападнавме тој регион и успешно го окупиравме. Откако ја окупиравме Централна Грција го нападнавме слободниот регион на Грција, Јонските острови (Ionian islands). Мора да признаеме дека во оваа битка за Јонските острови доколку не добиевме помош од сојузот ќе бевме поразени. Голема благодарност до еСрбија, еБугарија, еБосна и Херцеговина, еМалезија, еАргентина, еМексико, еШпанија, еХрватска и сите други кои помогнаа во оваа битка. Победата беше со повеќе 60 милиони штета разлика и претставува една од најголемите победи на еМакедонија.

http://i.imgur.com/u105IVK.png
http://i.imgur.com/xQYxOSt.png
Следните неколку дена немавме битки ипомагавме на нашите сојузници. Бидејќи Хрватска изгуби неколку региони во Турција беше кренато востание во Егејските острови, а после тоа успешно востание, Србија го нападна тој регион за да отвори граница со Турција која ја прогласи за „Природен непријател“ и и објави војна со цел да и помогне на Хрватска. Но за жал оваа битка беше изгубена од страна на Србија за само 18 милиони штета. Во оваа битка Македонија имаше направено 109 милиони штета и беше втора држава со највисока направена штета веднаш после Србија.

http://i.imgur.com/NpT9lYf.png

Само што заврше битката кренаа востание во Егејска Mакедонија (Macedonia), кое беше од исклучителна важност бидејќи ако им беше успешно ќе ни ги прекинеа ресурсите со јужните територии. Уште на почетокот KyloRen испука 60 милиони штета, но тоа го испука колку да не му биде за џабе бустерот кој што го уклучи за време на битката со Србија. После тоа воошто не испука, а битката
резултираше со наша победа. 

http://i.imgur.com/jlGetwI.png 

Сојузот The Rising Sun се знаеше декакога тогаш ќе се распадни, а тоа се случи последниве денови.. Како резултат на распаѓањето на претходните сојузи, се разбира се појавија нови сојузи. 

Не помина многу време, а се формира нов сојуз меѓу Хрватска, Јапонија, Србија, Македонија, Шпанија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија и некои други..  Имаше предлог за Грција да влезе во сојузот, но истиот беше одбиен. Паралелно со тоа Грузија, Германија, Латвија, Литванија, Молдавија и Украина најавија нов сојуз кој ќе се вика „ЕКЛИПСА“.

Воената единица „Macedonian Army“ веќе долго време е во топ 10 со вкупна направена штета.

Но сето ова не не прави доволно силни потребни ни се НОВИ ИГРАЧИ кои ќе допринесат за моќта на еМакедонија. Повикајте пријатели да се придружат на нашата заедница како ваши реферали, не само што ќе допринесете за еМакедонија туку ќе добиете и медал за „Градител на опшество“ и 5 голд заедно со него.

Исто така во тек беше план за изградба на државна фабрика за тенкови, но тоа не можеше да се оствари ако си седевме и чекавме. Потребна беше помошта од сите нас. Благодарение на сите оние кои донираа од своето злато беа изградени 5 Q1 фабрики за тенкови од кои една беше надоградена наQ5. За донациите се водеше евиденција за да нема никакви забуни (https://www.erevollution.com/mk/article/5041). Сега кога ќе сесобираме на чат ќе се делат тие тенкови и ќе правиме заедно поголема штета, а и ќе добиете и по некој медал за „Вистински патриот“ заедно со 5 Злато.

Докази од фабриките за тенкови:

 
http://i.imgur.com/tkQ03rG.png

Многу македонски играчи во почетокот на играта заминаа и зедоа државјанство во другите држави како: еУкраина, еСрбија и други.. Но така само докажуваме дека играме за себе си, а не за доброто на еМакедонија. Сепак, ако мислите дека така е подобро тогаш слободно и вие одете, но не се враќајте кога еМакедонија ќе стане голема држава и ќе има важна улога во еСветов.

Не заборавајте дека:

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ! ЗАЕДНО ДО ПОСИЛНА Е-МАКЕДОНИЈА

Подржи

ATEHTATOPOTPortuguese soldierINZIRMacedon23

Коментари (12)

https://www.erevollution.com/mk/article/5600 - Ситуацијата во еМакедонија
Bravo sekoja chest! o7 - Promoted to Minister of Education.
Sekoja cest o7
to bee o7
Odlicna statija so hronologija na nastanite povrzani okolu Makedonija... Prodolzi taka... o7
bravo o7
Samo napred braco! o/
o7 bravo!
o7
zaklucok: Koa drzava go ima Plato, ona tepa
o7
. . .