刊登在 Republic of Macedonia (FYROM) - 政論分析 - 01 Sep 2016 14:30 - 7

Поздрав Македонци,

Нова МУ

Како што и најавив пред некој ден, јас заедно со уште неколку другари од играта, отворивме нова МУ. Името е АрМакедон и е отворена за сите. Влезот во истата е бесплатен, и засега, не е потребно работење во фирми за рефунд, секако, се до моментот кога ќе се соберат доволен број на членови, кои би работеле за рефунд во вид на хелиња и храна. За тоа како, колку и од каде ќе се дели, ќе се разговара нахнадно во следните денови, на состанок, на кој ќе бидат повикани сите членови и ќе имаат право да си го кажат своето мислење, околу тоа како ќе функционира единицата понатаму. Како главна окупација ќе ја имаме Македонија и нејзините битки, но, кога ќе нема Македонија битки, ќе има истотака, организирани удари за сојузниците, се зависи од кој и колку има потреба од дмг. Сето тоа ќе е во координација со новата влада, која искрено се надевам ќе биде на чело со нашиот кандидат АСАП. Секако, тука ќе биде и задолжителното носење на аватарот, на кој, ќе биде напишан и ингејм никот на секој од членовите. Затоа, ве повикувам сите заинтересирани, да дојдете и да се дружиме пред се, а за се друго ќе си дојде со време. 

Партија

Како што знаете повеќето, од неодамна, отворивме и нова партија. Главната идеа на истата беше и сеуште е, да се овозможи демократија и право на мислење на секој од нејзините членови. Се повеќе се гледаат незадоволни играчи, кои се пожустро ја напаѓаат сегашната власт, што заради неможноста да се биде на власт, така и повеќе за нејзините грешки. Затоа ве повикувам, сите оние неопределени, определени и критичари на сегашната власт, еве ви можност за докажување на своите тези и критики. 
Повелете придружете се на новата политичка сила во Македонија и изберете и подржете ја промената и свежината во идеите и во промената на власта.

Кандидат за ЦП

Како претседател на оваа партија, должност и особена чест ми е да ви го претставам нашиот кандидат за овие претседателски избори АСАП . Повеќето од вас верувам го познаваат. Станува збор најпрво за одлична личност, голем поборник за Македонија, но истотака и голем критичар на сегашната власт. Доволно за него, да оставам нешто да каже и тој во својата претседателска кандидатура. 
Сите сме свесни колку и како некои од кандидатите ја сваќаат овааа претседателска "трка", но, ние и покрај се, ќе се држиме на концептот на мирно решавање на проблемите, без насилни и заканувачки пораки. Во неговиот тим ќе бидат веќе одбрани, докажани членови, кои заедно со него и мене како поткрепа, се надеваме дека ќе успееме да ја добиеме вашата доверба и макар за еден месец, да успееме да докажеме дека на "еднократијата" која владее во Македонија уште од почетокот на играта мора да се смени и како за промена на нејзино место да дојдат други, нови луѓе, кои ќе пробаат и успеат да се докажат. Да ги покажат и своите способности, во водењето на Македонија, како воено, така и во односите со другите земји, сојузници и слично.

И како за крај би сакал да им посакам среќа на другите кандидати за претседател на Македонија. Нека има фер избори, нека победи најдобриот. о/



Заедно за Македонија, за силна Македонија


Претседател на ДПНМ


Македонер.





贊助

Xherrztemelko

評論 (7)

srekno o7
o7
o7
Bravo, so srekja ! Ocekuvam i programa od ASAP planovi i ostalo Smile
Среќно o/
Со среќа нека ви е новата МУ. Си можел многу подобар кандидат да извадиш него Асап. Со среќа на избори
So sreka