Опубліковано в державі Republic of Macedonia (FYROM) - Військова аналітика - 22 Jun 2016 12:32 - 9

Последниов месец во еСветот, а особено во еЕвропа и еБалканот се случи целосен пресврт.

Бугарија која имаше територии на Грција, Кипар, Египет и Саудиска Арабија беше изложена на тешки напади од Турците и Грците, при што беше принудена да потпише НАП (Договор за ненапаѓање) со Турција и Грција со што ќе си ги задржи матичните региони. Согласност со условите на нивниот договор, Бугарија несмееше да пука против Грција или Турција, а тоа лошо влијаеше на нас бидејќи ќе изгубевме доста штета против Грците.

Веќе долго време ги држевме Грците под ропство се додека не се појави поголем отпор кај Грците со помош од нивните сојузници (главно Франција и Турција). Чист пример за тоа беше битката во Тесалија (регионот Thessaly), која претставува НАЈЕПСКАТА македонска битка до сега. Оваа битка ја победивме, но беше неизвесно се до крајот. На неколку минути пред крајот имаше организиран удар и од наша и од нивна страна. Тие неколку минути го одлучуваја исходот на битката, кој за среќа беше позитивен за нас.

Бројот на присутни на нашиот канал беше највисок до сега:

http://i.imgur.com/IPYTUIF.png

А резултатот од битката беше овај (повторувам најепска битка досега):

http://i.imgur.com/pQVCuPb.pngЕден хрватски игрaч FoxGin, направи табела во која е прикажана направената штета и од Грција и од Македонија во последните минути:

http://i.imgur.com/b3laWS0.png

Но, ова беше воедно и последната победа врз Грците. Без помошта од Бугарија (која не смее да пука против Грција (или Турција)) која ни беше одличен сојузник немавме шанси за да ги држиме Грците понатаму под ропство бидејќи ни следуваше бришење. Не само од Грција, туку и од Франција, Турција и Албанија бидејќи имавме граници со сите четири земји. За да се избегне бришење успешно беше склучен НАП (договор за ненапаѓање) со следните услови:

1. Сите региони на Грција ќе и бидат вратени.
2. Нашите матични региони нема да бидат нападнати.
3. Македонија нема да има агресија, односно војна сo Албанија, а ако има тоа да биде тренинг војна.
4. Не смееме да ставаме дневна наредба (ДО) против Грција, Турција и Албанија.


Овој договор може да се изменува / продолжува / откажува секој месец, при избор на Државен Претседател (СР). Со тоа си ги загарантираме матичните региони, и после 2-3 месеци непрекината војна очекуваме мирен период.

Исто така, овој договор ни даде можност и шанса да се изгради Болница Q5 во главниот регион (Povardarie), која ни дава секој ден +250 енергија за тие кои имаат македонско државјанство и кои престојуваат во тој регион.

Исто така, по грешката на AtilaBG, во знак на извинување добивме систем за одбрна (defence system) Q5 во Povardarie, па така покрај болница сега имаме и систем за одбрана во тој регион.

Но, на последните избори за Државен претседател во Србија, власта ја доби, српската воена единица Serbian Special Forces. Тоа значи дека ситуацијата на балканот повторно е измешана. Поради преземањето на власта од нивна страна, имаше шанси Србија да не нападни, но очигледно заради 1 ресурс да не напаѓа и секој ден да има востанија каде ќе бидат нанесени тешки штети, тоа го стори врз Унгарија. Ја нападна Унгарија, но ние се селиме во Унгарија и пукаме за Унгарија против Србија (односно против воената единица Serbian Special Forces), исто така има некои Срби со чист образ и чест и пукаат против Србија. Откако Србија и објави војна на Унгарија, Хрватска ја прогласи Србија за природен непријател.

Унгарците ја победија битката (нападот од Србија), во која ние имавме удар и пукавме пред крајот на битката. Велат и дека ќе пуштат напад врз Србија, но нема да пукаат бидејќи знаат дека Србија е добар сојузник и дека Serbian Special Forces и го валка лицето. После крајот на оваа битка во Србија беше предложен закон за отповикување на Govedo (Претседател на еСрбија од Serbian Special Forces) и да се постави нов претседател, член на Српска Легија. Дали ова значи дека SSF сакаат да му ја препишат вината на Легија, не се знае.

Што ќе ни донесе наредниот период, останува да видиме. Дали сепак Србија ќе не нападне, дали ќе биде избришана, дали ние ќе го продолжиме нашиот НАП договор со Грција, Турција и Албанија, дали ќе си ги задржиме регионите, дали ќе имаме тренинг војна со Албанија итн.

Винагородити

ATEHTATOPOTResident EvilPortuguese soldierHustlerTVBocee

Коментарі (9)

https://www.erevollution.com/mk/article/10362 - Ситуацијата во еМакедонија #3
o/
o7
Pa kazi kakva greska napravi atila da znaeme
samo impeach
@Aquila ne bese greska, ne narece FYROM 2 pati i posle ne navreduvase na bugarski
https://www.erevollution.com/sr/battlefield/2674/1 Ako vise barame najepicna ovaa bi bila
Pisatel i pol
Slonche, cel na tebe isteran Laugh