Опубліковано в державі Republic of Macedonia (FYROM) - Політичні дебати та аналіз - 27 Oct 2016 08:10 - 26

Добар ден на сите Македонци и Македонки :)

Во оваа статија сакам да ја најавам својата кандидатура за месец ноември. 

Следи неизвесен период, по распадот на противничкиот сојуз INVICTUS, се наговестува ребаланс на силите и период на формирање нови алијанси. Знаеме дека односите со Србија ни се доведени на минимум со војната што ја имавме претходни 2 месеци и која уште трае. Дипломатијата работи на воспоставување добри и цврсти односи со неколку земји, процес кој троловите само го отежнуваат. Затоа би ве замолил без провокации, без навреди према никој, бидете достоинствени и докажувајте се на бојното поле. 

За месецот кој следи очекувајте неколку акции: 
1. Акција за RAW за оние кои сега не беа во можност да ја искористат WRM, HRM
2. Акција за субвенционирање на апгрејди на втората теретана, и тоа до q3 (q1 или q2  на q3)
3. Акција за субвенционирање на апгрејди на Life Kit, и тоа до q3 (q1 или q2  на q3) 

Субвенциите 2 и 3 ќе бидат најмалку 50% од потребната вредност за апгрејд, со тоа што во бар една од двете, средствата ќе бидат неповратни. Предност ќе имаат активните играчи, играчите кои идат на удари, играчите што работат x2 и што се подолго во државните, а како критериум ќе биде и силата на играчот. Аплицираат само членовите на Macedonian Army вработени во државните. Бројот на играчите на кои ќе им се помогне е нормално ограничен и ќе биде одлучен во зависност од пријавените играчи кои ги исполнуваат критериумите за било која од двете акции. Курсот ќе биде задржан и непроменет и за наредниот месец. 

Формуларите можете да ги видите на следните линкови: 
Формулар за Лајф Кит
и
Формулар за тренинг центар 2

Акциите ќе бидат реализирани во текот на наредниот месец (сеуште не е прецизирана дата) но играчите можат да почнат со пополнување за да имаме увид на што и како сме. 

Уште една промена која се воведува наредниов мандат е следната: 

Помош за бебињата досега се даваше на играчи кои немаат q4 од првиот тренинг центар. Од нареден месец, формуларот ќе можат да го пополнуваат и да добиваат помош играчи што имаат q4 од првиот тренинг центар, но немаат q3 од вториот. (значи сите оние што имате q4 од првиот, и q1 или q2 од вториот, пополнувате и добивате помош како и останатите бебиња)

Што се однесува до тимот, членови на истиот ќе бидат следните играчи: 

CP: ATEHTATOPOT 
Prime: StefanKole

MoD: Resident Evil , damjanku, ZhukovMK   
MoFA: AquilamkATEHTATOPOT 
MoE: MicoO
Governor: damjanku 

Помошници: PlavSupermenGizmawks , Alfashot   (Доколку некој е заинтересиран да помогне, нека ми пише пред 4ти)


По барањето на одредени поединци за финасиски извештај, истиот ќе биде објавен на крај на овој мандат, бидејќи мандатот е сеуште во тек нелогично е сега да се дава извештај сега. Како и што неофицијално кажавме на дискорд, еве и официјално дека секој нареден мандат ќе биде проследен со финансиски извештај на крај од истиот. о/


Би ги замолил играчите кои апсолутно никако не придонеле за градење на дипломатски односи на Македонија со други земји бар да не ги расипуваат веќе изградените за лични  trade зделки, особено во период во кој ќе има ребаланс на силите. 

Помагајте си едни на други. Заедно сме посилни. ◄
ATEHTATOPOT

Винагородити

Portuguese soldierBoceedynamo magicanMicoOVolkcakiMKEnver PasaPower GirlpSyCh000

Коментарі (26)

pod
o7
Каква врска има тој скриншот со опозиција!?
И зошто морам да бидам член на МА за да земам субвенција...
o7
jas sum zainteresiran za minister bez resor
o7
@ASAP zatoa sto eve sega MA ima do vo romanija (so selenje) a vasata edinica ima DO za turcija i si pukate za TA i zimate gold, a nie od vostanieto ne zimame gold i zatoa bi ni sleduvala subvencijata inaku site bi si pukale za TP, TA i ne bi gi pratele prioritetite na Makedonija
Владата како и последни 6 месеци така и сега дава фокус на државната армија. Со распарчување на играчи низ различни армии ќе падне целокупната организација и дмгот на Македонија. Разбирам 5 армии на 2000 играчи, ама на 130 не. Ваше си е сето тоа, мило ми е што има играчи што на другата игра биле дел од државна армија и што знаат колку државата изгубила со пропаѓање на истата и во поглед на штета и во поглед на организација о/
ili si so nas ili si protiv nas - za ednite majka za drugite makea -do koga? dodeka ne gi istrebime ili svrtime od kaj nas
Ate ne e ni chudno da imash nekoja ROMSKA zhichka na slikite na fejsbuk mi stoish crn. Jasno mi e vishe zoshto tolku gi sakash Romancite... Gi izdade brakata Srbi za edna plemija
@orkan Браќата срби? Ти си луд човече
Го чекаме отчетот. Иначе со среќа о/
o7
Moe mislenje. Drzavnite firmi da ostanat kaj ate pod sekoj slucaj ( super vodi) Donaciite na udat moze delumno da se promenat i toa kako pr. tie sto rabotaat vo drzavni firmi da dobivaat 150 heli a tie sto ne rabotaat da dobijat 50 Q3 heli ili q5 tenks ( sepak drzavni se firmite) Za edinici jas sum da preovlada edna (drzavna) edinica preku sila dve Podelbata na pomos da se deli samo na sigurni igraci koi sto cesto se na udar i pratat naredbi
Zboruvajte sto sakate za Srbite ama na niv gledam kako najblizok narod so nas. Koi drugi ni se drugari? Siptarite? Grcite? Bugarite? Tocno e deka ima gnasi sto vo nikoj slucaj nemozeme da go nareceme brakja ama pretezno se deca koi mn seriozno ja zemaat igrava. I oni nas da ni napravea kako nie niv, nie kje.pocnevme so pcovki i navredi fala bogu. Ama imase mn srbi sto ne pocituvaa i bea vo mn pogolem.broj od nekolku ssf trollovi cii provokacii gi zedovme na srce
Orkan i ti si dete Smile Jas ni na igrava a ne osobeno vo RL zivot srbite ne bi gi narekol Braka Ova e virtuelna igra i ako moze zasto da ne bidam vo sojuz so Grcija ili Albania. Vo igrava ne treba da se mesaat raboti od RL P.S vo RL srbite se isto loso sprema nas kako i bugarite,albancite i grcite samo sto drugive ne se krijat Smile
So sreke o/ Inaku danok sobirate od site igraci a ne samo od tie sto rabotat vo drzavnite firmi, taka da subvenciite se nefer i nerealni.
Orkan sine, ti si imas problemi u toa pubertetskata glava
@Bocee во армакедон беше ставена Романија за до за време на удар и после според МА ДОто го сменивме, после на некој од МА му текнало пак да стави но дмг не се зголеми. А ако сакате да останеме сите обединети во една МУ тогаш зашто се бркаат играчи од МА од лични причини?
никогаш не се бркале играчИ од МА туку само тој еден играч и сите добро знаете зошто беше избркан..
se isplaka da go gradam vtoriot centar?
da
o7
DobroDe ti teknuva deka potrebni se mnogu rabotnici za da se proizveduvaat heli ? I kako e fer ti da rabotis za 2.5 gold kaj nekoj + da dobivas refund od nas sto rabotime za 1cc za da mozeme da zemame heli vo koi sto vlozuvame od tretiot mesec na igrava ?
Primate li donacii za akciite? Ideite se super na dolg rok