ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!

Опубліковано в державі Republic of Macedonia (FYROM) - Політичні дебати та аналіз - 11 Jun 2016 06:03 - 7

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ! Во еден ден, на Бадник, спроти Божик, во 1916 година, Бугарите ликвидирале 103 Поречани и ги фрлиле во еден ископ во месноста Дервишка Нива. Бугарската војска, која го окупирала овој крај по повлекувањето на Србите, организирала казнена експедиција под водство на полковникот Панов, користејќи посебни мерки за заплашување на населението кое го сметале за просрпско. Тогаш подготвувале и црни списоци на видни и влијателни луѓе. Како што пишува Милан Ристески во „Порече низ историјата“, на списоците се наоѓале сите свештеници, учители, претседатели на општините, началници на комитети, просрпски војводи и нивните четници. Тогаш биле уапсени 205 лица од црниот список. Едни ги однеле во Околиското началство, други во Прилеп, а половината од нив завршиле во ископот на Дервишка Нива.Во фондот на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се наоѓа списокот на убиените. Ги има од сите места во Порече, но најмногу - 22 се од селото Здуње, единаесетмина од Лупште, деветмина од Томино Село, по осуммина од Долни Манастирец и Зркле. На ликвидираните подоцна Поречани им подигнаа костурница во близина на манастирот.

Винагородити

Коментарі (7)

o7
o7
43 v 5
we
er
df
o7